еМагазин
Image default
Локално

Ќе се менуваат имињата на улиците, булеварите, мостовите и плоштадите во Скопје

Граѓаните од денеска ќе можат да предлагаат нови имиња за улиците, булеварите, мостовите и плоштадите во Скопје.

Градоначалникот Петре Шилегов на одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје најави дека ќе побара од граѓаните да предложат имиња за објекти и улици со кои ќе се сеќаваме на денот кога Скопје повторно беше изграден.

„Лани на овој ден ги вративме буквите од Тито на старата железничка станица. Пред неколку месеци катните гаражи под надлежност на Градот добија ниви имиња „26 Јули“ и „Беко“. Тоа ќе го направиме и на други објекти, улици и плоштади“, рече Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Све средивме у градов па сеа уште да ги смениме имиња на улици, плоштади, мостови… мостот Гоце Делчев на пример„: Твитер реакции

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брат и сестра од Скопје обвинети за напад врз полицаец

Редакција

Возач удрил во полицаец кој бил на службена должност

Редакција

Трагедија: Три лица починаа, а седум се повредени по експлозија на плинска боца во кумановско Романовце

Редакција