еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе се остане ли Македонија во „пакет“ со Албанија за датум за преговори со ЕУ

По неколкуте земји членки на Европската Унија (ЕУ), кои отворено застанаа зад идејата само Македонија да добие датум за старт на преговорите со ЕУ, и кои порачаа дека тие две земји треба да бидат раздвоени на нивниот пат, за прв пат и од македонска страна стигна отворено барање за такво нешто.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пред собраниската Комисија за европски прашања за одлуката на Советот на ЕУ, рече дека врзувањето на македонската европска кандидатура со таа на Тирана, било голем предизвик.

Тој оцени дека има голема голема логична неконзистентност да се зборува за подобрување на методологијата на пристапниот процес, а притоа, како што рече, да се руши клучниот суштински принцип на проширувањето, а тоа е секому според заслугите.

“Нашата судбина беше да изгубиме цела генерација поради разликата со името со нашите соседи во Грција. По тоа прашање делумно имавме влијание, решавањето на спорот со Грција беше во наши раце. Состојбата да ги решиме проблемите во другите земји не е воопшто во наши раце и не може да бидеме условувани со успехот или неуспехот во други држави.

Ние имаме и интерес Албанија да успее, бидејќи сме добри соседи. И немаме проблем да бидеме во пакет заедно ако тој пакет значи две зелени светла. Но, имаме проблем да зависиме од услови врз кои немаме влијание, бидејќи така никаква методологија нема да го подобри пристапниот процес“, посочи Димитров.

Колку Димитров ќе биде слушнат од земјите членки на ЕУ, имајќи го во предвид и фактот дека Франција е стрикно против раздвојување на европски пат на двете земји, ќе стане веќе појасно на следниот Самит на ЕУ во Загреб, Хрватска во мај следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По „корпата“ од Франција, „виси“ Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп трајно блокиран на „Твитер“: Пораките што ги пишувал го мобилизирале народот за насилствата во Конгресот

Редакција

Три млади лица загинаа во сообраќајка во Кичево

Редакција

ШАМПИОНИ: Вардар остави срце на терен и по вторпат е европски првак

Редакција