еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се појави ли Заев на инаугурацијата на Пендаровски?

Премиерот Зоран Заев зема одмор од 10 до 14 мај поради приватни причини, a неговиот одмор се поклопува со инаугурацијата на новиот претседател Стево Пендаровски на кого Заев несомнено му беше најголема поддршка во текот на кампањата.

Тој го придружуваше во секој град и село и речиси не остави место каде што не појде со него за да ги образложи придобивките од неговиот избор. Сега кога е избран, веројатно нема да учествува на положувањето на Пендаровски заклетва во Собранието.

По повод завршување на мандатот на Иванов, Од СДСМ денеска испратија соопштение насловено „Добра вест: Заврши мандатот на Ѓорге Иванов“.

„После 10 години завршува мандатот на Ѓорѓе Иванов. Тоа е добра вест за граѓаните, за државата. Иванов ќе остане запаметен како лош пример, како не треба да се извршува претседателската функција. Со заминувањето на Иванов завршува блокадата на напредокот, на интеграциите, завршува блокадата на законите во интерес на граѓаните. Крајот на мандатот на Иванов значи и крај на промовирањето на поделбите меѓу граѓаните, крај на вештачките кризи и тензиите, крај на уривањето на демократијата и празниот поредок. Со заминувањето на Иванов завршува урнисувањето на угледот на државата и интеграциите кон НАТО и ЕУ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од друга страна пак ВМРО-ДПМНЕ ниту му честитаа на Пендаровски за изборот, ниту пак дадоа некоја оценка за „владеењето“ на Иванов. Тие во последниот период преку нивни политички гласноговорници испраќаа порака до Иванов до крајот на мандатот да даде нови амнестии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Заев со честитка до Пендаровски: Се гледаме наскоро на прво претседателско-премиерско кафе

Драма оти Заев отишол на одмор

Церемонија во Вила Водно: Листа на гости кои ќе присуствуваат на инаугурацијата на Пендаровски

Кои привилегии ќе ги има Иванов откако му истече мандатот

Иванов денеска ќе ја предаде функцијата на Пендаровски: Детали за церемонијата во Вила Водно

Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Таргет-Тврдина”

Редакција

По Заев и Николовски и Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ се откажа од патните трошоци

Редакција

Македонија е во фаза на широка трансмисија на Ковид-19, подниво 3, со умерени капацитети за одговор

Редакција