Основачот и извршен претседател на Алибаба групацијата, Џек Ма (54), за Њујорк тајмс соопшти дека од понеделник заминува во пензија.
Ма важи за еден од најбогатите во Кина, а е поранешен наставник по англиски јазик.
За весникот вели дека по пензионирањето има намера повеќе да се посвети на хуманитарни акции и образование и појаснува дека ќе остане во Управниот Одбор на Алибаба и ќе продолжи со менторство со управувањето на е-троговијата.
Фото: VCG/Getty Images
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.