еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе се протне ли Тиранската платформа на „мала врата“ со уставните измени?

Доаѓа ли време кога СДСМ ќе мора да ја плати цената за пировата победа на парламентарните избори кога освои помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ, но успеа да формира Влада откако ДУИ одби да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ, но и откако СДСМ преќутно се согласи на барањата од таканаречаната Тирaнска платформа е прашање што заслужува внимание со оглед на тоа што помалите албaнски партии во земјава почнаа со условување на уставните измени со поднесување одередени барања до Владата предводена од СДСМ.

Имено, Беса на Биљал Касами до Владата достави предлог за дополнување во кои меѓудругото се бара албанскиот народ да стане државотворен и албанскиот јазик да стане службен. Свои амандмани во процесот на отварање Уставот најавија и од Алијансата на Албанците на Зијадин Сеља.

Иако од ДУИ, Беса на Африм Гаши и ДПА сметаат дека сега не е време за овие уставни измени останува фактот дека без пратениците на Касами и Сеља се доведува во прашање понатамошниот процес на измени на Уставот согласно Препсанскиот договор.

Не треба да се зборави дека Тиранската платформа ја потпишаа сите поголеми албански политички партии во земјава и дека е сосем можно тие во преќутен договор да изработат шема на мала врата се се протнат барем дел од предвидените одредби во платформата во пакет со уставните измени.

Времето ќе покаже дали повторно ќе бидеме сведоци на пазарање за да се обезбеди дво-третинско мнозинство потребно за да се доврши започнатиот процес на уставни измени кои имаат за цел промена на името на државата во Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанскиот народ да стана државотворен во македонскиот Устав: Што пишува во четирите предлог амандмани на Беса на Касами

Голем удар за Тиранската платформа: Каде беа Албанците за гласањето на референдумот?

Ќе остане ли 2/3 мнозинство од 80 пратеници за промена на Уставот, без 4 гласа?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа три лица од Ковид-19, до сега вкупната бројка е 637

Редакција

(Графикон) 74 случаи од заболените со коронавирусот во Македонија се импортирани

Редакција

Македонка од центарот на епидемијата на корона вирусот во Италија: Младо активно лице ја зарази цела Ломбардија, седете дома!!!

Редакција