еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се пуштаат снимките на Камчев: Продолжува судењето за „Рекет“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за случајот „Рекет“.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и треба да се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милески-Кичеец, кој призна вина.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Одложен стартот на судењето за Максим Димитриевски поради нови докази

Редакција

Екс министерот Јанакиески останува во притвор

Редакција

(Фото) Под посебни протоколи се одржа традиционалната Струшка Литија

Редакција