еМагазин
Image default
Локално

Ќе се реконструира најпознатата дискотека во Кавадарци

Ќе се реконструира некогашната најпозната дискотека во Кавадарци која долго време е дувло на наркозависници. Со мнозинско „за” и само еден воздржан глас, Советот на Општината денеска ја изгласа предлог одлуката за усвојување на физибилити студија за јавно приватно партнерство за реконструкција на комплексот „Ла Луна”, со воведување на нови спа содржини.

„Општината ќе склучи договор за јавно приватно партнерство со инвеститор кој ќе ја изврши реконструкцијата, а потоа на локалната самоуправа 25 години ќе и плаќа по илјада евра месечна закупнина, по што ќе го отстапи објектот на Општината, појасни претседателот на Советот“, Ристо Сакалиев.

Како од хорор филм, игли, остатоци од таблети и цигари, руина, запуштеност, долги години господарат со некогаш атрактивната дискотека, која беше посетувана од тиквешани, но и млади од страна. Ја нарекуваат место на кое некогаш се создаваше музичка култура, доаѓаа врвни музички имиња од поранешните југословенски простори. Многу тиквешани велат дека ги врзуваат прекрасни спомени за ова некогаш култно место.

Со еден воздржан глас помина и предлог одлуката за усвојување на физибилити студија за јавно приватно партнерство, за реконструкција на градскиот базен и уредување со реквизити за спорт и рекреација на вода. Таму ќе се плаќа истата закупнина само за 20 години, по што комплексот ќе остане на општината.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Си пазарел на интернет со туѓа картичка

Редакција

Во скопски Бутел со експлозив се обиделе да ограбат банкомат

Редакција

Штипски пожарникар исчезнал на планината Серта

Редакција