еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе се собираат 150.000 потписи за нов референдум за името

Граѓанската иницијатива за собирање на потписи од најмалку 150 илјади избирачи за распишување дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија доставена преку овластениот предлагач Тодор Петров, денеска на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците со осум гласови „за“, ниту еден „против“ и еден „воздржан“ беше оценета како уредна и проследена низ натамошните собраниски процедури.

За иницијативата, чиј потписник е лидерот на Светскиот македонски конгрес, треба да се изјасни и Законодавно-правната комисија, но нејзината седница денеска беше одложена и се очекува да се одржи во текот на денов.

„Дали сте за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија?“ е прашањето кое што, како што појасни Петров на седницата, би било поставено на референдумот што би се одржал доколу се соберат потребните 150 илјади потписи.

Иницијативата, како што појасни тој, е поднесена на барање на 179 граѓани, а согласно законските решенија потребно е најмалку 100 граѓани да поднесат барање за иницијатива за собирање потписи за распишување референдум на државно ниво.

„На ова прашање избирачите треба да одговорат дали се „за“ или „против“ или да не гласаат. Прашањето е прецизно формулирано. Со иницијативата за дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Македонија граѓаните ќе ја проверат претходно донесената одлука за промена на името на државата Македонија во држава Северна Македонија на седницата одржана на 11 јануари оваа година со амандманите на Уставот и Уставниот закон за нивно спроведување“, рече Петров.

Граѓанската иницијатива треба да добие мислење за уредност и во Законодавно-правната комисија, а потоа таа би била доставена до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој преку премиерот би ја доставил до ДИК.

Откако ДИК ќе ги извести поднесувачите на иницијативата дека околу 33 подрачни одделенија се подготвени, тие во рок од 20 дена се должни да ги достават формуларите за собирање на потписите до сите подрачни одделенија и потписите да ги соберат во рок од три месеци.

Петров вели дека е позитивно што наскоро се одржуваат и претседателски избори затоа што подрачните одделенија на ДИК работат од 8:30 до 16:30, а при распишување на избори работат во три смени и саботите и неделите. Според неговите прогнози, доколку се помине според процедурите потписите би требало да се соберат од 15 февруари до 15 мај.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се собираат 150.000 потписи за нов референдум за името

И Ципрас почна да не вика Северна Македонија

Твитер „експлодира“ за Северна Македонија: „Леле кој че се објаснува в лето на одмор во Грција од кај сум“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ивона Талевска ги вратила парите за затаен данок, судот ѝ го врати пасошот

Редакција

Трајко Вељаноски му даде подршка на Христијан Мицкоски

Редакција

Двојно зголемување: Македонските банки остварија добивка од 90 милиони евра за шест месеци

Никола Осило