еМагазин
Image default
Македонија

Ќе се тестираат сите лица поврзани со поранешната директорка на Кожната клиника

Дванаесет нови заболени со коронавирусот има во последните 24 часа во земјава. Од нив седум се од Скопје, пет од Куманово. Вкупниот број на заболени со овој вирус во земјава изнесува 148, а двајца се починати, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Според местото на живеење, од вкупниот број заболени 88 се во Скопје, 40 во Дебар, Куманово осум, Штип седум, Кавадарци и Охрид по две и Гостивар едно лице.

На Инфективната клиника се хоспитализирани 29 пациенти кои се лекуваат стационарно, од кои во тешка општа состојба на респираторна машина е една пациентка, кај која во последните денови нема промена, шест се со потешка слика, но респираторно се самостојни.

Амбулантски, како што рече Филлипче, се прегледани седум пациенти и земен е еден брис. Тројца пациенти имаат хоспитален третман, а тројца се на домашно лекување.

Филипче соопшти дека од денеска Институтот за јавно здравје по план ќе спроведе тестирање на сите лица кои беа во врска со поранешната директорка на Кожната клиника. Се работи за голема бројка, тие се се уште во изолација и за да нема оптоварување во лабораторијата, ќе се тестираат во неколку циклуси, изјави Филипче.

Тој информира дека во Куманово е направена интензивна комуникација во врска со починатата жена од при што рече дека досега во семејството нема клиничка симптоматологија.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмладиот пациент заболен од коронавирусот во Македонија е двегодишно дете од Скопје

Потврдите за ослободување од работа поради грижа за дете ќе важат до завршување на вонредната состојба

Од утре во Куманово забрана за влез и излез со градски, меѓуградски патнички и железнички патнички јавен превоз

Затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид, персоналот бил во контакт со заразен пациент

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 89 случаи на Ковид-19, починато едно лице

Редакција

Нови 225 заразени со Ковид-19 од 1.694 тестирања, во Скопје најмногу 96

Редакција

И во МВР имало и има укажувачи, вели Спасовски, по потпишувањето на Договор и меморандум за соработка со Антикорупциска комисија

Редакција