еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе се укине забраната за извоз на брашно

Ќе се укине забраната за извоз на брашно што беше воведена поради вонредната состојба, одлучи денеска Министерството за економија по средбата со мелничарите.

Како што соопшти министерот Крешник Бектеши, одлуката е донесена откако е утврдено дека мелничката индустрија работи одлично во моментов, залихи има и во приватните млинови и во стоковните резерви, а увозот на пченица во целото опкружување е дозволено.

Според Бектеши, одлуката за извоз на брашно веќе се подготвува, а се очекува да биде донесена на следната владина седница.

„Согласно сите податоци, мелничката индустрија работи одлично во моментов. Се отвора простор да ја измениме одлуката за забрана за извоз на брашното која беше воведена поради вонредната состојба“, рече Бектеши.

Се потврдува, додаде, дека откако се прогласи пандемија поради коронавирусот, Владата донесе исправни одлуки.

„Немаме проблеми со снабдување со брашно, ниту покачување на цените. Ги заштитивме домаќинствата“, потенцира министерот.

Дополни и дека на средбата со мелничарите се разговарало и околу други мерки кои би им овозможиле да бидат по конкурентни.

„Ги следиме сите случувања, посебно со цените и снабдувањето репроматеријали за основните производи. Така и ќе продолжиме за да овозможиме навремено снабдување, квалитет и незголемување на цените“, рече Бектеши.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, Горан Малишиќ, изрази задоволство од донесената одлука на средбата.

„Имавме правен проблем околу Одлуката, но верувам дека го надминавме. Очекуваме Владата да ги донесе измените најдоцна во понеделник. Залихите се доволни, увозот на пченицата во целото опкружување е дозволено. Во Одлуката се наведени производите, а не суровините поради што се случи блокада“, истакна Малишиќ.

Тој претходно соопшти дека вчера мелничката индустрија рече целосно беше во застој. Нарачки од домашните трговци немала, тие продавале главно српско брашно по повисоки цени зашто одлуката тоа го дозволувала.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Брашното во некои продавници во Чаир, поскапено речиси двојно

(ВИДЕО) Хистерија од коронавирусот во Босна: Жена и маж се степаа за вреќа брашно

Нема простор за паника: Брашно има, граѓаните да не трупаат залихи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што треба да знаат корисниците, откако Вип стана А1

Редакција

На берзата продаден блок-акции од „Макпетрол“ за 130.000 евра

Никола Осило

НЛБ банка оствари добивка од 34 милиони евра

Никола Осило