еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО ТОП СТОРИИ

Ќе слави ли последен пат Македонија независност како Македонија?

Македонија денеска слави 27 години независност. Доколку престојниот референдум за името на 30. септември биде успешен, од следната година државата независноста треба да ја слави како Северна Македонија, што е предвидено со договорот со соседна Грција.

До сега Македонија под уставното име ја имаат признаено 133 држави, меѓу кои и водечките светски сили како САД, Русија и Кина.

Државноста на Македонија прва ја призна Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина…

Меѓународно-правниот субјективитет на државата беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација.

Името на земјата во изминативе 27 години, главна пречка за влез во НАТО и ЕУ

Поради противењето и притисоците на Грција, која не го признава нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше под привремената референца, Поранешна југословенска Република Македонија.

Под покровителство на ОН и медијаторот Метју Нимиц, Македонија и Грција почнаа разговори за решавање на спорот со името и по 25 години, на 17 јуни годинава во Преспа беше потпишан договор меѓу двете држави за решавање на спорот со името.

И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО, на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција го блокира приемот.

Доколку на претстојниот референдум граѓаните се изјаснат позитивно, Македонија има шанса да стане 30. полноправна членка на НАТО, порача деновиве во Скопје првиот човек на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Во 2005 година Македонија доби статус на земја – кандидат за членство во Европската Унија, а во 2008 година и препорака од Европската Комисија за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и во наредните години.

Грција ја блокираше и македонската евроинтеграција, а по потпишувањето на договорот на Самитот на ЕУ во јуни годинава од Унијата соопштија дека следната година Македонија можеби ќе добие датум за старт на преговорите со ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Опожарена влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

ДУИ објави 17 кандидати за градоначалници

Редакција

(Фото) Алкалоид АД Скопје дел од најголемиот глобален саем на фармацевтската индустрија

Редакција