еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе станат ли Шпанија и Британија пречка да станеме членка на НАТО во декември?

Во време кога Македонија ги брои месеците до самитот на НАТО во декември кога и официјално се очекува да станеме 30. членка на Алијансата, во три земји, кои се уште не го ратификувале протоколот за членство на земјата во НАТО, се случува/ше вистинска драма.

Прво беше Италија, каде премиерот си даде оставка, но за наша среќа, а и за доброто на италијанските граѓани, таму се случи преседан, опозицијата и власта решија да прават заедничка влада, која треба да биде изгласана деновиве, а можеби уште денеска.

Во Италија за наше добро работите станаа предвидливи, но никој не може да каже што ќе се случува во следните месеци во Шпанија и Велика Британија.

Во Шпанија се уште неможе да се формира нова влада, а ако тоа не се случи до 25 септември, на 10 ноември ќе има нови парламентарни избори, што не и оди баш во прилог на Македонија.

Е, во Британија моментално се случува таква драма, што и самите Британци неможат да ја „сконтат„, а камоли ние од страна. Заплет во стилот на нивни Шекспир.

Доколку и таму дополнително се искомплицираат работите, поврзани со Брегзит, а се оди натаму, работите и таму ќе се решаваат со предвремени парламентарни избори на 15 октомври.

Британците за разлика од Шпанците, традционално брзо формираат влада, но никој неможе да гарантира што ќе се случи ако има избори и какви ќе бидат резултатите и калкулациите за нови или стари коалиции.

Но, не се само овие три земји кои се уште не го ратификувале протоколот, има уште неколку, а меѓу нив е и САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 135 случаи на Ковид-19, во Скопје 76

Редакција

„ДУИ во опозиција. Зошто да не?„: Твитер реакции

Редакција

Денеска во Скопје средба на рускиот митрополит Антониј со г.г. Стефан

Редакција