еМагазин
Image default
Македонија

Треба да сведочи поранешната обвинителка на СЈО, Лиле Стефанова: Продолжува судењето за „Рекет“

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Рекет“.

Минатото рочиште се одложи поради отсуство на бранителите на Катица Јанева, адвокатите Дељо Кадиев и Ирена Фрчковска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и на денешното рочиште треба да сведочи поранешната специјална јавна обвинителка Лиле Стефанова, која ја води истрагата за случајот „Империја“.

Досега како сведоци исказ дадоа заменичката на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, Елизабета Јосифовска, бизнисменот Орце Камчев, неговата сопруга Ана Камчева, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври лани поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“.

Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

На првото рочиште за „Рекет“, што се одржа на 3-ти декември минатата година, третообвинетиот Зоран Милески-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Испрати ли Боки 13 порака со објавата на Фејсбук страната на 1ТВ дека ќе бидеме изненадени од позадината за „Рекет“

Одложено рочиштето за „Рекет“, се разболеа адвокатите на Јанева

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поништено гласањето на седум избирачки места

Редакција

Македонците од Бугарија не се откажуваат, ќе се отвара приватен македонски клуб во село кај Пловдив

Редакција

Груевски се јави по сведочењето на Алек Теранова: Од никого не сум побарал да купува било што за мене

Редакција