еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе трае три години: Субвенционираното покачување на плати ќе важи за сите вработени

За сите плати, од минималните до највисоките, за сите вработени, за сите фирми независно од големината и дејноста, ќе важи мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите што треба да стартува од 1-ви следниот месец. За неа се одвоени 400 милиони денари со вчера усвоениот ребаланс на Буџетот. Ќе трае три години, до октомври 2022 година.

Според премиерот Зоран Заев, со оваа мерка се сузбива сивата економија и давањето плати во кеш, ќе расте приливот во Пензинскиот фонд, што претставува услов за иден раст на пензиите.

– Покачувањето во делот на платите ќе важи за сите, од минималните до највисоките, секој може да покачи. Некој вели зошто и на највисоките, но Уставот е еднаков за сите. Некој може да одлучи 500 некој 2.000 евра, но ние супституираме до 6.000 денари, значи од 600 денари до 6.000 денари е супституцијата на платите, рече премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата по одлуката на Владата за ребалансот на Буџетот.

Одговарајќи на новинарски прашања Заев наведе дека мерката важи еднакво за сите 750.000 вработени, од кои 140.000 се јавна администрација, а 610.000 се во приватниот сектор.

– Во јавната администрација ако ние покачиме плата ќе си платиме придонеси. Смислата е дека голем дел од платите како ги плаќаат работодавачите на вработените еден дел го даваат на бруто основа, значи исплаќаат на трансакциска сметка, еден дел го даваат во плико.

Прашањето од каде доаѓаат тие пари во плико. Многу законски работодавачите си плаќаат данок на добивка, данок на дивидендата и тоа се нивни пари и тие одлучуваат да ги поделат на работниците, наведе премиерот, истакнувајќи и дека мерката се однесува за која било компанија, мала, средна, голема, од која било индустрија.

Како што дополни министерката за финансии, Нина Ангеловска, мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на вработените до 6.000 денари треба да помогне на бизнисот за задржување на квалитетниот кадар и за мотивација на вработените.

– Мерката генерално е димензионирана со цел да им помогне на компаниите да ги зголемат платите на вработените, односно да ги помогнеме да ги задржат квалитетните кадри, бидејќи не сите компании можат да даваат покачување, зависно од индустриите.

Во овој случај ако компанија сакала да даде бруто покачување од 5.000 денари сега ќе може да ги даде во нето износ кон вработениот 5.000 денари. Мерката не е предвидена за да се прибира поголем персонален данок или за да се адресира тоа. Секако дека очекуваме да има влијание и на сивата економија, рече Ангеловска.

Според Заев, раст и напредок носи и мотивацијата на вработените во јавниот сектор и во јавните сервиси кои им служат на граѓаните. Затоа, истакна, од 1 септември стапува во сила новото покачување од пет проценти на платите за јавната администрација, во здравството, во образованието, во градинките, во полицијата, културата, одбраната и во другите дејности во јавната администрација.

– На сите досегашни покачувања од 1 септември следува уште едно покачување на платите во јавниот сектор за пет проценти со септемвриска плата која се исплаќа на почетокот на октомври, рече Заев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ребаланс на буџетот: Капиталните инвестиции намалени за 50 милиони евра, на што се крати?

Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…

Проектирани 1,9 милијарди евра за „ГАМА“, решението до крајот на годината

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МИ-ДА го доби тендерот на НБРМ за набавка на четири возила

Редакција

Фирмите за три месеци треба во Централен регистар да ги пријават вистинските сопственици

Редакција

Владата најави поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи

Редакција