еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе влезе ли и Рамковниот договор во Преамбулата со промената на Уставот

Иако од ДУИ во неколку наврати посочија дека сега не е време за други промени на Уставот, освен тие што се предвидени со договорот за името со Грција, Бујар Османи, вицепремиерот за европски прашања во интервју за Топ Тема на телевизијата Телма, рече дека Охридскиот рамковен договор е решение за мултиетничка Македонија и дека истиот треба да се прецизира во Преамбулата.

„Во Преспанскиот договор е предвидено прецизирање на АСНОМ со дефинирање на Прогласот како основен документ. Ние сметаме дека при дефинирање на конститутивните документи на државата е логичен след на чекори, што не е барање само на Албанците, туку на сите политички партии во државата, бидејќи Охридскиот рамковен договор е вклопен во Уставот со амандмани, само што не е споменат како документ. Логично е за да има една целина на конститутивните елементи на државата хронолошки да се Крушевската Република, Прогласот на АСНОМ, 8 Септември и Охридскиот рамковен Договор“, рече Османи.

Тој додаде дека сите кои ги има контактирано, пратеници, политичка елита, експерти, никој не кажал дека Охридскиот договор не е инклузивен.

Османи рече дека нацртите не се дефинирани и оти очекуваат до крајот на неделата, односно до петок да се дефинираат.

Османи рече и дека нема поголем национален албански интерес од членство на Македонија во НАТО. Во корпусот на албански прашања, како што рече, на прво место е НАТО, тоа е национален интерес на Албанците.

„Затоа ние како партија која ги претставуваме Албанците не го гледаме ова како одложување на некои албански прашања. Се разбира дека ваквите предлози од албанските партии се за да добијат политички поени“, вели тој.

Пред неколку дена од Беса на Биљал Касами до Собранието испратија свои предлози за уставни измени, во кои меѓудругото се бара албанскиот народ да стане државотворен, а албанскиот јазик службен.

Свои барања најавија и од Алијансата за Албанците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе остане ли 2/3 мнозинство од 80 пратеници за промена на Уставот, без 4 гласа?

Ќе добијат ли зголемени права Албанците со отварањето на Уставот за уставни измени

Албанскиот народ да стане државотворен во македонскиот Устав: Што пишува во четирите предлог амандмани на Беса на Касами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ние го плаќаме Османи или Бугарите?

Редакција

„24 Часа“: Бугарски државјанин по грешка вклучен на листата на повредени лица од несреќата на автобусот на „Беса транс“

Редакција

Во болниците се хоспитализирани 294 возрасни пациенти со Ковид-19 и пет деца

Редакција