еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе „вриштат“ телефоните за постизборни математики: Левица и ДПА пресудни за нова Влада?

Ќе бидат ли двајцата пратеници на Левица и еден од ДПА пресудни за формирање нова Влада е прашање што заслужува внимание по првичните неофицијални резултати од парламентарните избори.

Уште едно битно прашање е дали ДУИ ќе замине во опозиција со оглед на тоа што својата кампања ја водеше по концептот за прв премиер Албанец, што во овие услови тешко ќе се оствари.

Имено, првичните резултати објавени утринава од Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат дека коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ во новиот собраниски состав ќе има 46 пратеници, коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива 12, Левица два и ДПА еден.

Станува збор за симулација на Државната изборна комисија врз основа на првичните неофицијални резултати од вчерашните предвремени парламентарни избори од обработени 3.421 од вкупно 3.480 избирачки места.

Останатите девет партии и коалиции учесници на изборите не освоиле пратенички мандат.

Најмногу гласови 324.084 или 36,12 отсто има коалицијата на СДСМ, пред коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 312.745 гласа или 34,85 отсто, ДУИ 101.432 или 11,3 отсто, Алијанса за Албанците и Алтернатива 76.425 или 8,57, Левица 37.057 или 4,16, а ДПА 13.553 или 1,52 отсто.

Доколку нема значителни промени во однос на распоредот на силите по обработката на сите гласачки материјали извесно е дека Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ ќе може да бира со кого ќе прави Влада.

Математиката покажува дека оваа коалиција заедно со ДУИ би имала мнозинство од 61 пратеник, но довчерашните коалициски партнери во Владата се разидуваат околу барањето за прв премиер Албанец.

Тоа остава простор Коалицијата „Можеме“ да формира Влада со останатите албански партии плус „Левица“ со што би имала мнозинство од пратениците.

Секако, постои простор и за изненадувања, односно собирање мнозинство од страна на ВМРО-ДПМНЕ што е тешко остварливо со оглед на тоа што оваа партија уште помалку би прифатила премиер Албанец, но и поради разидувањата со останатите албански партии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Симулација на пратенички мандати: Коалицијата „Можеме“ 46, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15

Од 93,96 проценти обработени податоци: Коалицијата Можеме освои 36,13 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 34,65 проценти

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Tројца мртви во напад во трамвај во Утрехт, Холандија, осомничен Турчин

Редакција

Вчера изгаснати 32 пожари, три сѐ уште активни

Редакција

Зуди Енузи Кока нов директор на МЕПСО

Редакција