еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Еден или повеќе негативни резултати по тестирање не исклучуваат можност дека сте заразени со коронавирусот

Случајот со првата жртва на коронавирусот во Македонија, предизвика голема полемика во јавноста, пред се поради фактот дека претходно и биле направени два теста кои биле негативни, а дури третиот тест кој е направен откако починала, покажал дека била позитивна на овој вирус.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали: Како била лекувана жената од Куманово, која е првата жртва на коронавирусот

Како изгледа процедурата за тестирање за коронавирусот, пластично ја објаснуваат од Институтот за јавно здравје на нивната веб страна.

“На секое лице суспектно за КОВИД-19 му се прави скрининг тест односно тест за детекција на Е генот. Границата на детекција на скрининг тестот е 5.2 РНК копии на реакција.

Во колку скрининг тестот е негативен, одговорот на резултатот за тој примерок е негативен.

Ако се добие негативен резултат од пациент со голема сомнителност за КОВИД-19 , особено ако се работи за примерок од горно респираторниот тракт (назофарингеален или орофарингеален брис), потребно е да се достави втор примерок со вклучување на примерок од долнореспираторен тракт.

Еден или повеќе негативни резултати не исклучуваат можност за КОВИД-19. Постојат бројни фактори кои може да бидат причина за негативен резултат: примерокот кој е земен има мала количина на вирусни честички, примерокот е земен рано или многу доцна од инфекцијата, примерокот не е чуван или транспортиран соодветно, мутација на вирусот, техничка инхибиција на реакцијата.

Во колку скрининг тестот е позитивен се прави конфирматорен тест за детекција на RdRP генот, чија граница на детекција 3.8 РНК копии на реакција.

Во колку двата теста се позитивни, резултатот на пациентот се одговара како позитивен.

Во случај на позитивен скрининг тест, а негативен конфирматорен тест потребно е да се донесе нов примерок од пациентот. И во овој случај, инфекцијата не се исклучува и случајот се води како веројатен“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Губењето на осет за мирис и вкус „скриени“ симптоми за коронавирусот, кои се другите?

Како во Македонија се транспортираат примероци за лабораториска анализа за коронавирусот

(ВИДЕО) Хит на социјалните мрежи: Премиерот на БиХ не знае да стави медицинска маска

Одлука на Владата: Од граница директно во државен карантин

Полицискиот час скратен за 1 час

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во градинките досега 33 деца и 109 вработени позитивни на Ковид-19

Редакција

Играорецот кој го постави албанското знаме на Самoилова тврдина доби парична казна и забрана за влез во државата

Редакција

Во декември и јануари, над 170.000 граѓани биле сликани за пасоши

Редакција