еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еден од новопочинатите од корона вирусот немал контакт со потврден случај

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, а во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни, информираа вчера од Министерството за здравство.

Податоци за новопочинатите од корона вирусот, соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

“Регистрирани се два смртни случаи, со место на живеење од Тетово. Случаите биле на возраст над 60 години.

Имале симптоми и биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.

Двата случаи имале коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), а еден имал контакт со потврден случај.

Починатите се без историја на патување во странство“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Бројката на починати од корона вирусот во Македонија до сега изнесува 147.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

58,8% од новозаразените со Ковид-19 имале контакт со потврден случај, а 21 лице е со претходни заболувања

„Леб можевте у Охрид да купите„: Твитер реакции за карантинот и „бегството“ на Скопјани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 7 лица, дополнително пријавени уште 8

Редакција

Од ФК Тетекс велат дека Општина Тетово не им дава да играат на стадионот затоа што се Македонци

Редакција

Полномошното на Груевски го одложи судењето за „Талир 2“

Редакција