еМагазин
Image default
Локално

Еден починат и тројца повредени во пожар во струшко

На 24.12.2019 во 02.35 часот во Полициска станица Струга било пријавено дека во с.Калишта, струшко, настанал пожар во куќа сопственост на Р.Е.(73) од с.Калишта, при што од пожарот со тешки телесни повреди се здобил Р.Е., кој им подлегнал на повредите, информира МВР.

Со телесни повреди се здобиле М.Е., Е.Е. и И.Е., сите од с.Калишта, кои се префрлени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Струга, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Струга. За случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена од Кочани пријавила сограѓанин кој ја принудувал на секс

Редакција

Шилегов: Постојат три опции за Универзална сала, но можен е и референдум

Редакција

(Видео) Пожарот кај Богданци се уште не е ставен под контрола

Редакција