еМагазин
Image default
Локално

Единаесет лица од струшко се тепале на бензиска пумпа во Велешта

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.Р.(42), С.Р.(48), Н.Р(49), Ј.Р.(30), Х.Р.(19), Ш.Р.(22), против 16-годишeн малолетник, сите од струшкото с.Октиси, како и против Д.Х.(45), Х.Б.(49), Ш.Х.(28) и Д.Х.(25), сите од с.Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, информира МВР.
Х.Б. се товари и за сторено кривично дело „спречување на докажување“. На 17.08.2019 пријавените учествувале во физичка пресметка на бензиска пумпа во с.Велешта. По настанот, пријавениот Б.Х. извршил отстранување и сокривање на компјутерскиот хард диск со видео записот од безбедносните камери, поставени на бензиската станица.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изгоре регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, тројца пожарникари повредени

Редакција

Ловџија застрела колега во Крива Паланка

Редакција

Велешанец го натепал татка си зошто не му дал пари

Редакција