еМагазин
Image default
Македонија

Едмонд Адеми: Идентификувани и пријавени се снимачите на гласачите на референдумот за името во Мелбурн

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми,на својот Фејсбук профил информира дека незаконското снимање на гласачите на референдумот за името во Мелбурн е пријавено кај властите во Австралија, а снимачите се идентификувани и ќе ги сносат законските последици.

„Чинот на снимање на гласачите пред конзулатот во Мелбурн од страна на неколку индивидуалци е спротивно на сите закони и вредности на демократијата.

Им честитам на тие граѓани кои водејќи се од националните и стратешките интереси на државата денес се одважија и го искористија своето загарантирано право на глас. Нивниот глас ќе се вреже во темелите на европска Македонија, како и гласот на сите други кои денес ќе гласаат.

Истовремено, инстутуциите на Република Македонија, се во контакт со Австралиските власти.

Случајот е пријавен, снимачите се идентификувани и ќе ги сносат сите законски последници согласно Австралиското законодавство.

Ги охрабрувам сите кои денес ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставнишвта без никаков страв да го искористат своето граѓанско право на глас“, пишува Адеми.

Фото: Фејсбук/Адеми

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Ако некој Ве снима на утрешниот референдум пријавете

Скандал: Македонци кои гласааат на референдумот во Мелбурн се снимаат и објавуваат на Фејсбук страна „предавници“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Јас да бев на црната листа на САД, не само што ќе си поднесев оставка, туку тоа ќе го сметав за пораз во мојата кариера

Редакција

Изречена казна затвор за уште еден обвинет, кој призна вина во случајот „Двојник“

Редакција

Од Газа евакуиран и брачниот пар од Македонија

Редакција