еМагазин
Image default
Убава приказна

Една година од светската премиера на „Исцелител“: Oсвои 14 меѓународни и 4 домашни награди

Денеска изминува една година од светската премиера на Исцелител, дебитанскиот филм на режисерот Ѓорче Ставрески.

Премиерата се одржа на Солунскиот филмски фестивал, каде за прв пат во 58 годишната историја на фестивалот македонски филм доби награда.

Што постигна Исцелител за една година:

• филмот се прикажа на неверојатни 47 меѓународни филмски фестивали ширум светот од кои 3 беа од престижната А-категорија.

• освои 14 меѓународни, 4 домашни награди во дистрибуција и 4 награди во предпродукција. Повеќе од еден фестивал неделно и повеќе од една награда месечно.

• Најпознатите светски филмски списанија како „Холивуд Рипортер“, „Варајати“, „Скрин Дејли“ и „Сенсес оф Синема“ објавија ѕвездени рецензии.

• „ХБО“, една од најпознатите телевизиски мрежи, од 31-ви декември 2017г. почна да го емитува Исцелител во 14 земји во Европа. Тој е првиот македонски филм достапен на услугата „ХБО-ГО“.

• Повеќе од 23.500 гледачи го погледнаа „Исцелител“ во 26 градови низ Македонија.

• На 6-ти јуни, во градскиот парк во Скопје, филмот ја имаше досега најмасовната проекција на отворено во Македонија.

• Исцелител е дел и од азиската интернет телевизија, „Синема Ворлд“.

• Имавме успешна кино дистрибуција во Грција.

• Исцелител е македонски кандидат за Оскар од неанглиско говорно подрачје за 2019 година.

Главните улоги во „Исцелител“ ги толкуваат: Благој Веселинов и Анастас Тановски, а останатите улоги: Аксел Мехмет, Димe Илиев, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Симона Димковска и други.

Автори на музиката се Бранислав Николов, Пеце Трајковски-Брада и Гоце Јованоски, директор на фотографија е Дејан Димески, монтажер Мартин Иванов, а сценарист, режисер и продуцент е Ѓорче Ставрески.

Филмот е во продукција на Фрагмент филм од Скопје и во копродукција со ГРААЛ С.А. од Грција.

Фото: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Виз ер“ прославува 11 години на македонскиот пазар: Превезени над девет милиони патници и во моментов со 36 линии

Редакција

(Галерија) Горан и Сандра Сиљаноски рачно изработуваат дрвени инструменти кои се ремек-дела

Силвана Жежова

(Галерија) Адора инженеринг слави 18 години

Редакција