еМагазин
Image default
Забава

Една од најпопуларните друштвени игри „Катан“ конечно и на македонски

„Катан“ (Catan), една од најпознатите друштвени игри во светот со преку 25 милиони продадени копии, конечно ќе може да ја играме и на македонски јазик. Овој светски бестселер, кој досега е преведен на повеќе од 30 јазици, од годинава официјално ќе се продава и на македонски по иницијативата на „Гоблин друштвени игри“.

Во ерата на откритија, по долго и мачно патување по немирно море, твоите бродови конечно пристигнуваат до брегот на непознат остров. Неговото име ќе биде Катан…

„Катан“ е класика меѓу друштвените игри. Првпат беше издадена во 1995 година, а досега ја играат преку 100 милиони играчи низ целиот свет и има добиено десетици награди и признанија. Се одржуваат и многубројни турнири, како и официјално Светско првенство на секои две години.

Ова е последна од низата светски бестселери официјално преведени на македонски јазик, меѓу кои се и „Ticket to Ride“, „Dixit“, „Azul“, „Kingdomino“, „Celestia“, „The Mind“,…

Сите овие ги преведе и ги дистрибуира првата и единствена специјализирана продавница за друштвени игри во Македонија – „Гоблин“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Несекојдневен настан во Барселона: Во оперска куќа се одржа концерт за 2.292 растенија

Редакција

Новата реклама на Сони со песна од македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање музика Филтер Лабел

Редакција

(Галерија) Горан Пандев е Маж на годината за 2020 година: Избрани најуспешните мажи кај нас

Редакција