еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Екологисти: Методот на Митко Јанчев е евтин триумфализам, потребна е сериозна акција против загадувачите

Откако градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев објави дека со аеросолизација односно таканаречен вештачки дожд се бори против загадувањето, се јавија еколошки активисти кои тврдат дека наместо да се користат методи кои всушност создаваат ефект на кисели дождови и дополнително ја загадуваат почвата, потребна е директна акција против загадувачите односно намалување на емисиите на штетните издувни гасови.

„Процесот на одлагање на атмосферските честички преку воден медиум, е наречена „wet deposition“. Тоа е еден природен процес што се случува кога врне. Водата на својот пат кон површината на земјата реагира со останатите загадувачи присутни во воздухот, прилепувајќи ги на себе. Така таа ги одведува до нашите полиња, планини, водотеци, езера“, вели во своето обраќање до Јанчев, екологистот Тони Никушевски.

Тој додава дека мокрото одлагање како природен феномен често носи огромни штети врз местата каде што се случува како последица на хемискиот состав, кој прави закиселување на водата и паѓа на земјата во форма на кисели дождови.

„Иако досега како метода била пробувана, евалуирана … од страна на повеќе градови ширум светот, очигледна е нејзината некомпатибилност во справувањето со загадувањето. Во ЕУ, не постои град или општина кој што користи вакво нешто, а уште помалку и го нарекува БОРБА ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО“, вели Никушевски.

Според него, терестијалното атомизирање на вода, има многу ограничени можности и бара сриозен ангажман на водени топови, кои што во моментов имаат најголем дострел од 60 метри и тоа во зависност од моменталните услови на теренот (влага, воздушен притисок …), а чинат и по неколку десетици илјади евра по парче.

„Авионско можеби би било најефикасно, но и тука би биле потребни многу ресурси и пари. Со оглед на фактот дека AIR TRACTOR – ите кои што ги имаме за пожар и се во владение на Центарот за управување со кризи, нивниот вкупен товар изнесува 9 м3 вода, по 3 од авион. Повторно ништо, со оглед на волуменот на скопскиот агломерациски регион“, вели Никушевски.

Тој затоа моли да престане евтиниот триумфализам кој е шуплив во самата суштина.

„До кога ќе расфрламе пари за реализација на нечии детски сни или решенија произлезени од неколку клика на Гугл ? Колку време имаме на располагање за да имаме овака ноншалантен однос кон проблемот број 1 и закана за националната безбедност. Секој здрав разум, би ги ставил на располагање сите ресурси во интерес на едната и единствена одржлива заложба во намалувањето на загадувањето, а тоа е контрола на емисии на самиот извор.

Која е потребата од атомизери, од авиони, од маски и џирло прочистувачи, доколку ништо не правиме во насока на директното намалување на емисиите?

Зарем е мудро, да трчате по комшии да ги земете сите легени за да ја црпите водата од пукнатиот радијатор наместо да го затворите вентилот од кој таа истекува“, вели во обраќањето преку неговиот Фејсбук профил Никушевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Митко Јанчев со вештачки дожд се бори против ПМ честичките во Кавадарци

„Вештачкиот дожд“ помага во Куманово и Кавадарци – Скопјани нека си седат дома кога е загадено

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обезбедено згрижување за 11-годишното дете со церебрална парализа од Охрид

Редакција

Убава вест: 239 оздравени пациенти од корона вирусот

Редакција

Кривичен издаде наредба: Зеќири да биде спроведен со полиција

Редакција