еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Економскиот удар доаѓа: Корона вирусот го „секна“ извозот на јаболкото, инвестициите, закупнините…

Македонските компании се соочуваат со низа потешкотии поради појавата на пандемијата од корона вирусот какви што се намалување или укинување на извозните нарачки и производството, намалување на приходите од закупнини и зголемени трошоци за работна рака поради дел од мерките за спречување на болеста.

Од „Агроплод“ преку Македонската берза соопштија дека меѓудругото пандемијата предизвикува намалување на пласманот на производите од овошје и на приходите од закупнини.

„Поради кризата со Ковид-19 во 2020 година од месец март и наредните месеци се очекува намалување на приливите на средства од наемнини, од причини што на дел од деловните партнери – закупци претежна дејност им е угостителство и туризам и почетокот на кризата не остваруваат деловна активност, а со тоа се во неможност да ги сервисираат обврските по основ на закуп“, велат од компанијата.

Оттаму додаваат дека кризата предизвикала намалување на продажбата на сокови до 250 милилитри поради затворањето на школите и градинките, како и откажување на преговорите за извор на органско јаболко во ЕУ.

Од „Факом“ преку берзата соопштија дека светската пандемија со Ковид-19 се очекува да има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија која е од отворен тип, како и врз металната индустрија.

„Последиците од кризата од Ковид-19, директно влијае на оперативното и производното работење на нашата компанија како и врз продуктивноста, ликвидноста, наплатата на побарувањата и сл.

Во однос на стратегиските промени, друштвото се држи до иницијалните планови, но размислува и за стратегиски промени во обемот на работа доколку дојде до продолжување на кризата.

Главно се практикуваат мерките за заштита, прилагодување и подобрување на санитарно техничките услови за работењето, бидејќи доколку би застанал производствениот процес ќе се јави проблем за рестартирање на истиот.

Како резултат на кризата, друштвото размислува да превземе некои финансиски мерки како на пример: воведување на рестрикции на трошоците, промена или целосно одлагање на планираните инвестиции, репрограмирање на заемите за одржување на ликвидноста, а во однос на човечките ресурси ситуацијата не е променета, сем нормалната флуктуација на кадри и сл“, велат од „Факом“.

Оттаму додаваат дека компанијата ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со информации корисни за процесот на одлучување.

„еМагазин“ веќе го објави предупредувањето на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески дека големите проблеми за економијата допрва доаѓаат. Тој укажа дека на средината на мај се очекуваат проблеми со ликвидноста, како и откажување на извозните нарачки во јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светска банка: Корона вирусот ќе ја однесе во рецесија македонската економија

ММФ предвидува пад од 4 отсто на македонскиот БДП, а следната раст од 7 отсто

Азески: Проблеми со ликвидноста кон средината на мај, а со извозот во почетокот на јуни

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мишел: Западен Балкан е приоритет за ЕУ – ќе внесеме нова енергија во процесот на интеграција

Редакција

Кој се ќе се „спаси“ од СЈО: Собранието ги донесе по скратена постапка измените на Кривичниот Законик

Редакција

Бидете внимателни: Попладне и ноќеска се очекува невреме со пороен дожд, грмежи и град

Редакција