еМагазин
Image default
Македонија

Ексамбасадорот Димитровски репетирал пушка кон сосед

Кај поранешниот македонски амбасадор во Љубљана и ексконзул во Солун, Томислав Димитровски, пронајден е арсенал оружје меѓу кој три пиштоли и три пушки, објави „360 Степени“.

До откривањето на оружјето дошло откако тој вчера попладне се скарал со сосед кој пријавил дека поранешниот амбасадор во ходникот од зградата кон него репетирал и автоматска пушка.

„Вчера околу 15.30 часот А.Д. пријавил дека во зграда на улицата ‘Тодор Александров’ во Скопје неговиот сосед Т.Д. по кратка вербална расправија во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.

Полициски службеници веднаш по добивањето на пријавата излегле на местото на настанот. Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за „360 Степени“.

Од МВР потврдија дека оружјето го поседувал легално.

Повеќе на „360 Степени“, ОВДЕ.

Фото: Фејсбук/Димитровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоко Поповски повторно доби девет години затвор за „Триста„

Редакција

Филипче: Носењето маски во училиште не претставува никаков ризик за децата

Редакција

Претседателката на Лекарска комора, Гривчева Старделова се вакцинираше против Ковид-19: Им порачувам на здравствените работници да не се сомневаат во вакцината

Редакција