еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Екскурзиите на средношколците од Скопје за Италија поради коронавирусот ќе се одложат на неопределено време

Согласно со задолженијата добиени од Владата сите училишта своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија ќе ги откажат или одложат на неопределено време, информираше градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

До крајот на оваа недела ќе биде одржан и едукативен час за превенција од вирусот согласно со препораките на Светската здравствена организација и Владата.

Тој нагласи дека денеска до директорите на средните училишта издал наредба раководните органи во училиштата внимателно да ги следат и целосно да се придржуваат на препораките за превенција и справување со корона вирусот кои ги даваат надлежните институции.

„Понатаму, училишните раководства веднаш да ги откажат и одложат патувањата и училишните екскурзии во другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот. За сите преостанати патувања и екскурзии да прават дополнителни безбедносни проценки.

Училишните раководства веднаш да почнат со организација и реализација на едукативни часови, работилници и дистрибуција на материјали за соодветно информирање, превенција и справување со корона вирусот. Во оваа насока укажуваме дека Градот Скопје ќе ја обезбеди потребната логистичка поддршка и координација со релевантните здравствени институции.

Училишните раководства се задолжуваат да ги стават на користење средствата што ги обезбеди Градот, да одржуваат највисоко ниво на хигиена, применувајќи ги сите санитарни-хигиенски средства и активности кои им се на располагање.

Во врска со оваа обврска, сакам уште еднаш да  укажам дека Градот Скопје има обезбедено доволни количини на антибактериски сапуни за училиштата. Во изминатиот период во јавноста се шират разни гласини во врска со овој вирус. Апелирам да не се крева паника, апелирам на трезвено однесување и на институциите и на граѓаните. Нема простор за паника,“ нагласи Шилегов.

Во 23 средни училишта на Град Скопје учат околу 21.600 ученици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лицето кое дополнително беше тестирано, нема корона вирус

Уште двајца заболени од коронавирус во Грција, се откажува карневалот во Патра

АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи стана татко по трет пат, го доби синот Лав

Редакција

Доктор Беќаровски: Од 10. август околу 1.000 невакцинирани граѓани починаа од Ковид-19, а можеа ако сакаа да бидат комплетно вакцинирани

Редакција

(Видео) Слушнете ја возобновената божиќна песна „Христос се роди денес“

Редакција