еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Експериментот „војска на Косово“ го враќа бурето со барут на Балканот

Не стивнуваат реакциите по озаконувањето на одлуката за формирање на армија на Косово, а поради овој потег Советот за безбeдност на Обединетите нации денеска во Њујорк ќе ја разгледува ситуацијата по барање од Белград.

На седницата учество најавија претседателите на Србија и на Косово Александар Вучиќ и Хашим Тачи. Официјален Белград соопшти дека со одлуката за трансформација на косовските безбедносни сили грубо се крши Резолуцијата 1244 која предвидува меѓународно безбедносно присуство, а не воспоставување оружени сили.

Загриженост поради одлуката на Приштина изразија и ЕУ и НАТО, според кои е избран лош момент за трансформација на косовските безбедносни сили, што следуваше откако Косово воведе трговски бариери за Србија.

Единствено Албанија и САД изразија поддршка за формирање на војска на Косово. САД исто така побара дијалогот меѓу Приштина и Белград да биде приоритет.

Во соопштението на Стејт Департмент се вели САД очекуваат од власта во Приштина да се придржуваат до обврските за било каква операција на северот на Косово претходно да се консултира со КФОР.

САД, како што е наведено, стои зад поддршката на „постепена, транспарентна транзиција на Косовските безбедносни сили (КБС), професионална, мулти-етничка воена сила која е компатибилна со НАТО и која ќе служи и ќе ги претставува сите заедници во Косово”.

„Ова е суверена одлука на Владата на Косово”, се додава во соопштението, но, исто така, се истакнува дека „безбедноста на Косово најдобро ќе биде заштитена со нормализирање на односите со Србија”, и дека за Косово „дијалог треба да биде апсолутен приоритет”.

Стејт Департментот, исто така, апелира „двете страни да ги отстранат сите бариери со цел да се вратат на преговарачката маса и да постигнат сеопфатен договор за нормализација”. Од САД бараат во косовската армија да бидат вклучени и припадници на малцинството.

Различен став околу формирањето на косовската војска демонострираа и коалициските партенри во македонската Влада, СДСМ и ДУИ.

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се потребни нови тензии и дека тоа е ставот и на НАТО, додека лидерот на ДУИ, Али Ахмети облечен во воена униформа го поздрави чекорот на Приштина.

Што сакаше со униформата да каже Ахмети само нему му е познато.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албански партии бараат Заев да се извини и да ја повлече изјавата за формирањето на војската на Косово

(ВИДЕО) Американски знамиња, песни и ора: Како Косоварите го прославија формирањето на војска на Косово

Заев и Ахмети со спротивни ставови за формирањето на војска на Косово

(Фото) Честитка од Ахмети во воена униформа за формирање на косовската армија

фото: IndeksOnline

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дел ги има и СЈО: Јанева дала налог да се истражат „бомбите“ на „Ел Чека“

Редакција

Македонски железници-инфраструктура вработува 18 лица, плата до 23.746 денари

Редакција

9 во Аеродром, 6 во Чаир, 4 во Сарај, детали за новозаразените со корона вирусот во Скопје

Редакција