еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Експремиерот останува без пратеничка плата: Што пишува во „законот за Груевски“

По скратена постапка во собранска процедура е влезен законот за дополнување на законот за пратениците кој владејачкото мнозинство го напиша за да му се укине пратеничката плата на експремиерот Никола Груевски.

„Ако пратеникот е осуден со правосилна судска пресуда на казна затвор подолга од 6 (шест) месеци, го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, пишува во законот.

Во објаснувањето се вели дека од досегашната имплементација на законот, бидејќи функцијата пратеник во Собранието се извршува професионално, се јавила потреба да се дорегулираат правата и должностите на пратениците.

„Со имплементацијата на самиот закон се јави потреба да се доуреди главата за правата и должностите, поточно членот 11, со кој е уредено кога му се намалува платата и другите лични примања и не се пресметуваат надоместоци на трошоци на пратеникот, меѓутоа никаде не е регулирано кога пратеникот го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци.

Со овој закон се додефинира членот 11 и се додава нов член со кој се уредува кога пратеникот го губи правото на исплата на плата, други лични примања и надоместоци на трошоци“, пишува во образложението.

Фото: Фејсбук/Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Груевски на прошетка во трговски центар во центарот на Будимпешта

Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат за неговото бегство

Влада: За бегството на Груевски има индиции дека се инволвирани граѓани на трети земји

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 782 оздравени од Ковид-19

Редакција

Влада: Наставата и оценувањето во училиштата и факултетите продолжуваат со електронска комуникација

Редакција

Абдулменаф Беџети нов ректор на УЈИЕ во Тетово

Редакција