еМагазин
Image default
Македонија

ЕЛЕМ за синот на Мира Дизел: Кандидатот ги исполнува условите

По повод одредени медиумски написи, АД ЕЛЕМ информира дека нема добиено известување од Антикорупциската комисија дека е донесен заклучок во врска со случајот на вработување на работникот Виктор Стојчевски, информираат од компанијата.

„Додека таков заклучок не произлезе, компанијата не може да одговори на прашања за пропусти, без да биде утврден пропуст. Документацијата што АД ЕЛЕМ ја достави до Комисијата покажува дека наведениот кандидат ги исполнувал условите предвидени во конкурсот. За местото инженер за нови технологии-приправник се бара високо образование, седми степен, од техничките факултети, за кое приправничко место работен стаж не се побарува“, се додава во соопштешението.

Огласот бил објавен во дневните весници „Вечер“ и „Коха“,а пријавени биле тројца кандидати.

„Во однос на вработувањата, АД ЕЛЕМ подлежи на Законот за работни односи. Иако не подлежи на Законот за вработените во јавниот сектор, новото раководство на ЕЛЕМ воведе практика на формирање комисии за избор кои треба да оценат кој е најсоодветен кандидат, иако тоа не е предвидено во Законот за работни односи кој важи за ЕЛЕМ.

При поголем број пријавени, се пристапува и кон нивно повикување на интервјуа, иако и тоа е дел од обврските во Законот за вработените во јавниот сектор, на кој компанијата не подлежи, но е воведено од новиот менаџмент како позитивна пракса, која до 2017г воопшто не се спроведувала.

Во конкретнио се бараше приправник, односно работник за почетничко место. Од сите кандидати, избраниот кандидат имаше најсоодветно образование за работните задачи кои е планирано да се побаруваат во иднина од тоа работно место (на компанијата и е потребен геодет, со оглед на тоа што почнува неколку проекти од областа на обновливите извори на енергија, кои бараат примена на нови технологии и обезбедување подлога, документациска и теренска, за нивно инсталирање).

Другите двајца кандидати беа со машински и електро-технички факултетет.

Исто така, проценето е и дека ангажирањето на млад кадар кој неодамна завршил со своето високо образование е најдобро решение со оглед на тоа што 70% од вработените во компанијата се над 50 -годишна возраст, така што една од обврските на секој менаџмент е да обезбедува одржлив кадровски развој.

Другите двајца кандидати имале работно искуство од 10 и 20 години, што во конкретниот случај не соодветствувало на определбата на ЕЛЕМ да инвестира во млад кадар, кој ќе биле обучуван според стандардите и потребите на компанијата.

Ранг-листа како документ не е предвидена според Законот за работни односи, затоа, заради информирање на јавноста, овде описно е изнесено како е извршен изборот.

Исто така, информираме дека не бил вршен никаков притисок по однос на конкурсот за ова работно место“, додаваат од ЕЛЕМ.

Oдредени медиуми објавија дека според извори од Антикорупциска комисија, синот на Мира Дизел не ги исполнувал условите за вработување во ЕЛЕМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска демантира дека синот на Мира Дизел незаконски се вработил во ЕЛЕМ

„Одма се чуствува дека имаме Антикорупциска“: Твитер за тоа дека баџанакот на Џафери ќе ја „проверува“ Мира Дизел

„Мира Дизел во два дена си го вработи синот, братот и си го унапреди мажот„: “Завидлизам“ на Заев, хит на Твитер

Братот и сопругот на Мира Дизел ќе дадат отказ, синот не

Фото: Фејсбук/Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Вучиќ ќе се сретнат на Табановце

Редакција

Љубе Бошковски кој е на црната листа на САД е соработник во Владата за привлекување странски инвестиции

Редакција

Јанева во анкетниот лист пријавила дека купила половно возило

Редакција