еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Елена Ковачевска, сопругата на премиерот, меѓу основачите на фирма која ќе произведува струја

А1он објави дека Елена Ковачевска, сопругата на премиерот Димитар Ковачевски е меѓу петтемина основачи на компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“, која влегув во бизнисот со производство на струја и планира да гради енергетски капацитет со моќност од 1.8 мегавати.

Компанијата ќе гради фотоволтаична централа во Радовиш, за што во август лани добила готов урбанистички проект со намена за површински и соларни фотоволтаични електрани.

Од Министерството за транспорт и врски за А1он потврдуваат дека целокупната постапка за донесување на урбанистичкиот проект ја воделе во 2021 година.

„Министерството за транспорт и врски донесе позитивно мислење, планот е одобрен и направен е преклоп во Агенцијата за катастар за недвижности. Со тоа, постапката во Министерството завршува“, велат оттаму.

Како што објави А1он, до овој момент, „Сол груп 5“ нема поднесено барање за добивање одобрение за градење до Министерството за транспорт и врски, ниту, пак, барање за издавање лиценца за производство на електрична енергија од Регулаторната комисија за енергетика, која е претпоследна инстанца, пред компанијата да може да излезе на пазарот за продажба на електрична енергија.

Уделот во компанијата на Елена Ковачевска е пријавен во анкетниот лист на премиерот. Пријавениот удел е во вредност од 62.000 денари, сума идентична на нејзиниот основачки влог во компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Димитар Ковачевски

(Фото) Премиерот Ковачевски и сопругата Елена на прием кај градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс

(Фото) Прво јавно појавување на сопругата на премиерот Ковачевски, Елена, носеше креација на Кокев

Фото: Кабинет на премиерот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угинаа два коња во Зоолошка градина, најверојатно се отруени

Редакција

А1 Македонија има повеќе претплатници во мобилната телефонија од Македонски Телеком

Редакција

Макстил лани со зголемена добивка и приходи

Редакција