еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„еМагазин“ дел од Регистарот на професионални онлајн медиуми „Промедиа“

„еМагазин“, кој веќе шест години опстојува на македонскиот онлајн медиумски пазар и кој се финансира исклучиво пазарно, е дел од Регистарот на професионални онлајн медиуми „Промедиа“, во кој се најдоа 67 медиуми кои ги исполнуваат условите што беа воспоставени од Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ).

Постапката се одвиваше според критериумите усогласени меѓу СЕММ и Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), по примери од практиката во развиените демократски општества и Советот на Европа, а беше консултирана и новинарската, медиумската и бизнис заедницата во државата, беше речено на презентацијата во Европската куќа во Скопје, при Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Силна поддршка имаше и од Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ).

Кон процесот на креирање на овој регистер се приклучи активно и Стопанската комора на Македонија, со цел членките на комората, но и медиумите да имаат полесен пристапот до реклами на бизнис заедницата во професионални онлајн медиуми, наспроти оние кои не ги исполнуваат критериумите за членство и редовно ги прекршуваат етичките стандарди.

– Една од целите на регистерот е да ѝ помогне и на јавноста полесно да препознае кои медиуми ги исполнуваат наведените критериуми и се придржуваат до стандардите на етичкото известување при своето работење, изјави Марина Тунева.

Претседателката на Управниот одбор на СЕММ, Катaрина Синадиновска изјави дека Регистерот е жив процес што ќе се менува, а бројот очекува да расте.

„Ние како фела сме способни сами да си го исчистиме сопствениот двор, а не некој друг. Регистерот е шареноликост и во уредувачки политики и во демократија и во слобода на мисла и говор, што е добро“, изјави Синадиновска.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски изјави дека регистерот Промедиа е добар и за бизнис заедницата и за граѓаните и за политичарите.

„Бизнис заедницата ќе знае каде да се рекламира, граѓаните ќе можат полсесно да препознаваат добри и професионални медиуми, а политичарите своите кампањи би требало да ги насочат кон овие медиуми“, рече Чадиковски.

Веб-платформата www.promedia.mk, на која ќе има детали за сите членки на Регистарот ќе профункционира од 1. јануари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„АС Сењак“ ги продаде сите акции во Жито Полог

Редакција

(ФОТО) Забележан прв балкански рис на Јасен

Редакција

Кај тројца од новопочинатите од коронавирусот во Македонија не била присутна хронична или здравствени состојби

Редакција