еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

еМагазин во Дебар: Дебарчани убедени дека Груевски избегал од овде

Дебар деновиве, за празниците, повторно живна. Така ќе биде до кај средината на месецов, велат Дебарчани, кога ќе си заминат гурбетчиите. Потоа пак се ќе биде мртво, коментираат тие.

Ретко кој овде сака да зборува за политика, а секој сака да се пожали колку тешко се живее и дека нема ни пари, ни работа, па секој гледа да „избега„ во странство.

Дебар годинава што измина беше во фокусот на нашите, но и регионалните медиуми не по проблемите што ги мачат Дебарчани, туку според еден од настаните кои ја обележаа 2018 година – бегството на поранешниот македонски премиер, сега азилант во Унгарија, Никола Груевски.

Границата сигурно ја поминал пеш

Како што првично објавија албанските медиуми, повикувајќи се на полициски извори во Албанија, Груевски, како што велат и Дебарчани, границата со Македонија ја поминал пеш, на див премин во близина на Блато, на 11 ноември.

Ретко кој има дилема за тоа.

Некои од нив на екипата на еМагазин и го покажаа и можниот пат по кој избегал Груевски, дополнувајќи дека патот не е соодветен за возила, па дел морал да помине пешки.

Други пак велат дека сигурно имал и логистика од Дебар, бидејќи како што коментираат Дебарчани, добро стоел со некои локални политичари и функционери во градов, а сигурно имал и исти такви „врски“ во Албанија.

Молк од македонските власти

По речиси месец ипол од македонските власти се уште нема никаква информација за бегството на Груевски, па ни за тоа дали избегал преку Дебар.

Детали за неговата „маршута“ по Балканов соопштија властите во Албанија, Црна Гора, Србија, Унгарија, но не и Македонија.

Деновиве како што најавија од Јавното обвинителство треба да бидат соопштени информации за истрагата што се води таму.

Две истраги се отворени и во Министерството за внатрешни работи. Од таму за сега нема никакви најави за некакви информации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Специјалците на АРМ и МВР „напаѓаа“ терористички камп на Криволак

Редакција

Личности на годината на „еМагазин“: Македонските здравствени работници

Редакција

Нови 449 случаи од Ковид-19 од 3.283 тестирања, во Скопје 170

Редакција