еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Емотивен повик на Џорџ Буш до македонските граѓани да излезат на референдум

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш преку писмо ги повика македонските граѓани да излезат на референдум.

Во писмото, меѓудругото, Буш ја спомнува и 2008 година кога ги повикал сојузниците од НАТО да ја примат нашата земја, пријателството со претседателот Борис Трајковски, како и поддршката на САД за Македонија од осамостојувањето до сега.

„Им препорачувам на сите граѓани на Македонија да учествуваат во исторската одлука и да гласаат на референдумот на крајот на месецот. После декада на назадување, имате моќ да напишете нова, понадежна приказна за вас, за вашите деца, вашите соседи и вашата земја. Историски најголемиот сојуз за слобода чува место за земјата која ја сакате и го очекувам денот кога САД гордо ќе ја пречека Република Северна Македонија како наш нов сојузник, 30. членка на НАТО“, пишува во писмото на Буш до македонските граѓани.

Целото писмо ТУКА.

Фото: Miller centar

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Жикол“ го доби тендерот на Град Скопје за реконструкција на улицата Борис Сарафов вреден 596.000 евра

Редакција

Москва за изјавата на Бајден дека Путин е „воен злосторник“: „Неприфатлива и непростлива реторика“

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: Адора инженеринг скриено најавува голем проект на Златибор

Редакција