Мерните станици во текот на вчерашниот ден покажале загадување на воздухот во повеќето урбани средини во земјава, а големо загадување во одреден момент од вчерашниот ден е забележано и во Охрид, вели ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Дејан Мираковски, кој раководеше со лабараторијата АМБИКОН и е експрет во оваа област.
„За жал бројките, коишто ги гледам од мерните станици покажуваат дека повеќето урбани средини во земјава и Скопје, Штип, вчера видов екстремни бројки во Охрид, сите урбани средини покажуваат повисоки нивоа на загадување, над дозволеното повисоки нивоа на загадување.
Во споредба со претходните години потребно е да помине време па да се направат попрецизни согледувања, колкаво е тоа зголемување и дали тоа го има,“ вели Мираковски.
Тој смета дека енергетската криза е основната причина што загадување на воздухот се појавува во урбаните средини, за кои не беше карактеристично аерозагадувањето.
„Луѓето повторно се враќаат на загадувачките извори на греење, струјата е доста скапа и повторно се враќаат на согорување на дрва и други материјали, коишто не само што се опасни за загадувањето, тие се екстремно опасни и по здравјето на луѓето, коишто ги користат,“ додава Мираковски и оценуваа дека годинава ќе биде полоша во делот на аерозагадувањето, токму поради енергетската криза и враќањето на граѓаните на традиционалниот начин на греење со дрва и на другите загадувачки извори.
„Сите градови покажуваат, кога е стабилна атмосферата екстремни пикови на загадување, што значи имаме многу повеќе емисии, отколку што сме имале минатата година и дефинтивно причина е енергетската криза, односно промената на горивата, коешто го користи населението,“ вели Мираковски и посочува дека мерните станици на УГД-Штип засега не покажуваат големо загадување во Штип, поради местоположбата, ветерот и климата.
Мираковски вели има одредени пикови на загадување, кога атмосферата е стабилна, но како што вели Штип е ветровит град и во однос на другите градови ретко е најзагаден и периодите се реалтивно кратки. Деновиве не е надминат прагот од 35 микрограми ПМ честички.
Прашан за решенијата, со кои би се анулирало аерозагадувањето, Мираковски со одговор дека потребно е да се градат системи за греење и во останатите градови, како што има Скопје, а за намалување на цената на струја потребно е во овој период да се искористи шансата за инсталирање на фотоволтаици и други извори на зелена енергија, кои ќе влијаат и на цената, но и да се намали загадувањето на воздухот во текот на наредната зима.
МИА