еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Енигма што прават Спасовски и Филипче во изолација

Од Владата не откриваат што прави техничкиот премиер, Оливер Спасовски, кој е во изолација, откако имаше средба со неговиот сопартиец и сограѓанин, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, за кој беше соопштено дека е позитивен на коронавирусот.

На прашањето на еМагазин, како поминува еден просечен ден на Спасовски во изолација од Владата одговорија дека поради други обврски немал време за интервју, иако ние не побаравме интервју, туку писмен одговор (имајќи ги во предвид токму неговите обврски) за тоа каде е во изолација, дали има контакт со други луѓе, од семејството или соработници, како се храни, колку време поминува на телефон или видео комуникација, дали можеби вежба…

Што прават функционерите во изолација и какво е нивното здравје во време кога треба да се менаџира пандемија е секако прашање од јавен интерес, посебно за човек што ја води државата.

Дополнително прашањето добива на тежина, откако се дозна дека градоначалникот Димитриевски го прекршил протоколот за изолација, и излегол од дома, па од Државниот санитарен здравствен инспекторат му најавија и парична казна.

Од Министерството за здравство пак не добивме никаков одговор за тоа што прави министерот Венко Филипче, кој речиси секојдневно споделува совети што да правиме ние за време на полицискиот час, ама ете не кажува што тој прави во изолација. Можеби ќе инспира некого.

И двајцата откако се во изолација посочија дека се посветени на нивните секојдневни обврски, кои ги имаат како клучни функционери за време на оваа криза, што од нив и го очекува јавноста, а им е и работа, но секако јавноста има право да знае и детали за тоа што друго прават во изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот Оливер Спасовски негативен на корона вирусот

Министерот Венко Филипче нема корона вирус, останува во самоизолација

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Во 33 општини избрани градоначалници во првиот круг

Редакција

(Галерија) Во Fit Family вежбајте и слабејте заедно со познатите: Метода со која се постигнува вистинска трансформација на телото

Редакција

(Видео) Делчево под вода, невремето остави пустош

Редакција