еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Епидемијата не стивнува: Од морбили досега заболени 1.524 лица

Се задржува трендот на регистрирање на голем број на заболени од мали сипаници во државата. Во изминатата недела бројот на новорегистрирани заболени изнесува 134.

Во последните десетина недели овој број континуирано се одржува околу 100, но ова е највисоката бројка регистрирана воопшто откако е регистрирана епидемијата.

Од новозаболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови со што вкупниот број на зафатени градови изнесува 22, информира д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје денеска пред Министерство за здравство.

Вкупниот број на регистрирани од почетокот на епидемијата, како што информира Кузмановска, е во постојан пораст и последната бројка изнесува 1.524. Најголем број регистрирани се возрасни лица над 30 годишна возраст. Речиси половина од сите регистрирани се возрасни лица.

„Што се однесува до вакциналниот статус од сите заболени на неделно ниво 70 проценти се невакцинирани, со непознат статус или непотполно вакцинирани“, вели Кузмановска.

Додаде дека очекуваат и во наредниот период бројот на заболени да се одржува и не очекуваат брзо намалување и привршување на епидемијата.

Кузмановска информира дека со тешки компликации, во смисла на бронхопнеумонија, дијареа и други потешки инфекции се околу 16 проценти од сите заболени, но бројката во однос на хоспитализираните е нешто повисока и се движи повеќе од 40 проценти.

Вкупно вакцинирани деца до 14 годишна возраст од почетокот на кампањата досега се 25.808.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ФЗОМ: Лековите во аптеките се издаваат, надминат е техничкиот проблем со рецептите

Редакција

Температура во октомври во Македонија била повисока за 2,8 степени, месецот екстремно топол и сушен

Редакција

(Фото) Синот на Мицкоски, Антониј, прваче

Редакција