еМагазин
Image default
Техно

Естонската групација Uptime ја презеде македоснската ИТ-компанија GateOne

IT индустријата во Македонија се повеќе и повеќе се движи во нагорна линија. Постојано се отвараат нови компании а повеќето од нив стануваат и многу успешни приказни.

Една таква успешна приказна е младата компанија GateOne која на пазарот постои неполни 2 години.

Водена од млад менаџмент, со млади, но искусни програмери, GateOne за кратко време успеа да стане брзорастечка компанија, кокуретна на пазарот на совтверската индустрија. Главно работи на странскиот пазар во повеќе држави ширум светот, а се потпишува и под неколку проекти во Македонија.

Овој брзорастечки тренд на компанијата го препозна eстонската групација Uptime, софтверска групација формирана во 1992 година, со седиште во главниот град на Естонија, Талин. Оваа компанија поседува и учествува во работата со компании во неколку земји ширум Европа како, Норвешка, Данска и Швејцарија.

Помеѓу овие европски развиени земји, на мапата на групацијата Uptime се појави и македоnската GateOne, која се придружи на широкото семејство, под името Uptime Македонија.

„Имаме долгогодишна соработка со компании од Македонија и сме задоволни од однесувањето и техничките способности на луѓето таму. Бидејќи наоѓањето на ИТ таленти за меѓународни проекти е сериозен предизвик, канцеларијата во Македонија е одличен потег за нашата групација.

Моменталниот политички развој во земјата, зачленувањето во НАТО во блиска иднина и отварањето на преговорите со ЕУ, ќе ја направи Македонија уште поинтересна за овој сектор„, вели Ееро Тохвер, главен извршен директор на групацијата Uptime.

Естонија има само 1,3 милиони жители а нивниот БДП во последниве 9 години бележи раст и до 10% годишно.

Естонија е дигитална држава чиј приоритет е нула бирократија (Zero Bureaucracy Project) и на годишно ниво заштедува на хартија со висина приближно на Ајфеловата кула.

„Со пристапувањето во групацијата на Uptime, добиваме јасна визија за иднината, а тоа ќе ни помогне да се развиеме во најдобрата софтверска компанија во Македонија. Среќни сме што започнуваме да работиме под брендот Up ti me“, вели Никола Алексовски, извршен директор на GateOne.

Целта на Uptime Group, лоцирана во Талин, е да биде стратешки партнер за компаниите преку обезбедување бизнис-ориентирани ИТ услуги, како што се развој на софтвер, SharePoint решенија, мобилни и cloud апликации, информации за пребарување и решенија за бизнис анализи и ИТ администрација и услуги за одржување.

Uptime е долгогодишен Мајкрософт златен партнер и Партнер на годината во Естонија 2013 и Oracle Silver Partner.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со „Ало кафана“ на најбрз начин во контакт со која било кафана

Редакција

Стартап Македонија ја лансираше првата дигитална платформа на која сите стартапи ќе се видливи

Редакција

Фејсбук тврди дека ги отстранил проблемите што вчера предизвикаа втор прекин на работата за една недела

Редакција