еМагазин
Image default
Спорт

ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 во Охрид на 6. и 7. јуни

На 6 и 7 јули покрај Билјанините извори во Охрид, Македонска триатлон федерација и локалниот организатор “Спорт за сите, сите за спорт” ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019.

Настанот е под покровителство Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт, и Македонскиот олимписки комитет, помогнат од Сојуз на спортови на МК како и МВР на РСМ.

„Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини извори.

Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1 јули (23:59:59) на www.smartrace.club. За сите што ќе се регистрираат заклучно со 20 јуни, во стартниот пакет ќе има и маица“, порачува Иван Михајловски, Претседател на Македонска триатлон федерација.

Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.

На Отвореното национално триатлон првенство, натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст:

*Сениори (1999 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

*Рекреативци (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

1.категорија – родени 2003-1990г.(29-годинии и помлади)

2.категорија – родени 1989-1980г.(30-39 години)

3.категорија – родени 1979-1970г.(40-49 години)

4.категорија – родени 1969г. (50+ години)

*Кадети (2004-2006): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање

*Деца 2 (2007-2010): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање

*Деца 1 (2011 и помали): 75м пливање, 2км велосипед, 0.5км трчање

Целосната програма на двата натпревари е:

Сабота, 6. јули:

10:00-14:00 – Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa

13:00 – Запознавање со велосипедската патека

14:00 – Запознавање со пливачката патека

16:00-20:00 – Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa

17:00-17:45 – Брифинг за кадетската и детските трки

17:45-18:30 – Брифинг за јуниорската трка од ETU Triathlon Junior European cup конкуренција

18:30 -19:15- Брифинг за сениорската и трката за рекреативци

Недела, 7.јули:

08:00 – Старт : Сениори и Рекреативци

10:30 – Старт : Детски трки

11:45 – Старт : Кадети

14:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – женска конкренција

17:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – машка конкренција

За сите подетални информации, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓоковиќ ќе биде депортиран: Судот ја одби жалбата

Редакција

Иницијатива за приклучување на Параолимпискиот комитет на Македонија кон регионалната кошаркарска лига во инвалидска количка „NLB Wheel”

Редакција

Македонецот Горјан Гого Славески е нов светски шампион во борби без ракавици

Редакција