еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ЕУ ги зголемува средствата за воена помош на речиси осум милијарди евра

Советот на ЕУ објави дека одлучил да ги зголеми средствата од Европскиот механизам за поддршка на мирот на 7,979 милијарди евра до 2027 година за да ги покрие дополнителните трошоци.

ЕУ ги користи тие средства за вооружување на Украина. Во декември минатата година беше одлучено да се додадат две милијарди евра на овие средства во 2023 година и да се предвиди дополнително зголемување, јави БТА.

Европскиот фонд за поддршка на мирот, основан во 2021 година, обезбедува финансирање за сите активности на заедничката надворешна и безбедносна политика поврзани со воени и одбранбени прашања, со цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност, се наведува во соопштението.

Според механизмот, ЕУ финансира акции насочени кон зајакнување на способностите на земјите кои не се членки на ЕУ и регионалните и меѓународните организации во воените и одбранбените прашања. Механизмот е вонбуџетна алатка и првично имаше на располагање до 5 милијарди евра до 2027 година.

ЕУ преку тој механизам ги поддржува украинските вооружени сили и досега седумпати се доделени средства за Киев. Финансирање се обезбедени и за Мозамбик, Грузија, Молдавија, Мали, Сомалија, Нигер, Јордан, Босна и Херцеговина, Либан и Мавританија.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отворени сме за дијалог, состанок кога ќе се исполнат потребните услови, велат од бугарското Mинистерство за надворешни работи

Редакција

Сите детали: Најголем дел од новозаболените со коронавирусот се на возраст од 50-59 години

Редакција

Каков имот пријавил пратеникот на Беса, Зендели, кој поднесе фиктивна оставка

Редакција