еМагазин
Image default
Македонија

Еуген Цами од Алијасата за Албанците, вршител на должноста градоначалник на Дебар

Советот на Општина Дебар на денешната редовна седница, за вршител на должноста градоначалник, со мнозинство гласови го избра Еуген Цами, советник од редовите на Алијасата за Албанците.

Од вкупно петнаесет советници, колку што брои Советот, Цами освои осум гласа и тоа тројцата советници од неговата матична партија, двајца од ВМРО-ДПМНЕ, двајца од  Беса и еден советник од ПЕ.

Тој на ова функција ќе биде до изборот на нов градоналаник, за што ќе бидат спроведени избори.

-Бидејќи законот предвидува избор на нов градоначалник во рок од шест месец, кај нас од смртта на претходниот, најверојатно новиот градоначалник ќе се избира на денот кога ќе бидат спроведени  претседателските избори. Тоа со цел да не се прават дополнителни трошоци, изјави Башким Машкули, претседател на Советот.

Досегашниот градоначлник Ружди Љата, кому тоа му беше втор градоначалнички мандат, по кусо и тешко боледување, почина на 24 ноември, на 65-годишна возраст.

В.д. градонаалникот Цами се заблагодари на довербата и посочи дека ќе работи за доброто на граѓаните и  општината.

Цами е пензионер, роден 1940 година во Дебар, а има завршено виша педагошка академија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески за ТВ21: Нема да бегам, најостро го осудувам бегството на Груевски

Редакција

Од ДУИ не исклучуваат предвремени избори, од СДСМ најавуваат наскоро обелоденување на одлуката

Редакција

Заев им одговори на бугарските политичари: Пријателството со Бугарија е искрено

Редакција