еМагазин
Image default
Бизнис

„Еуромакс Ресорсес“ поднесе тужба до Управниот суд поради проектот Иловица-Штука

Денеска „„Еуромакс Ресорсес“ поднесе тужба до Управниот суд против Решението донесено од Второстепената државната комисија (бр. 0810-102) од 5 септември 2019 година со кое се одбива жалбата на „Еуромакс“.

„Ние сме уверени во правната позиција на „Еуромакс Ресорсес“, и остануваме целосно посветени на развојот на Проектот. Се надеваме дека Управниот суд при разгледувањето на поднесената тужба ќе го поддржи владеењето на правото. Развојот на Проектот Иловица-Штука ќе овозможи значајна корист за локалната заедница како и за економијата на целата државата.

Веруваме дека постои начин да се поддржи развојот на Проектот, со што би и се овозможило на Компанијата да управува со безбеден рудник согласно најдобрите светски практики. При тоа, развојот на Проектот ќе отвори многу работни места за локалната заедница и ќе донесе бројни локални инвестиции.

Досега, „Еуромакс“ има инвестирано над 50 милиони евра во истражувањето и дефинирањето на Проектот Иловица-Штука. Она што е пред нас, не е одлуката дали тука треба да има рудник, туку кој ќе управува со него.

Со почитување на принципот на владеењето на правото постои можност да се продолжи со развој на Проектот и со тоа да се покаже на меѓународната заедница дека во државата владее пријателска клима за поттикнување странски инвестиции“, изјави Варшан Гокул, претседател и извршен директор на „Еуромакс Ресорсес“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Еуромакс“ ќе тужи пред меѓународен суд, Владата вели дека има аргументи за рудникот Иловица

Одбиена жалбата на „Еуромакс Рисорсис“, се поизвесно дека рудник во Иловица и Штука нема да има

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ склучи договор со “Браинкоде“ вреден 2,3 милиони евра

Редакција

Викенд „поход“ на Македонците на Солун

Редакција

Можни нови построги мерки, ако на 16 март цените на тестенините и млечните производи не бидат намалени

Редакција