еМагазин
Image default
Бизнис

Еуростат: Во Македонија околу 46.000 легла за сместување туристи

Македонија располага со околу 46.000 легла за сместување туристи од кои 20.500 хотелски, покажува најновата анализа на Еуростат.

Листата ја предводи  Франција со 5,1 милион легла што е 16,4 отсто од вкупниот број во ЕУ, а потоа се Италија со 4,9 милиони или 15,8 отсто од ЕУ, Велика Британија со 3,9 милиони и Шпанија со 3,5 милиони или 11,2 отсто од ЕУ.

Од земјите во регионот, предничат Грција со околу 1,2 милиона, Хрватска со 987.272 и Бугарија со 328.264 легла.

Во ЕУ вкупно бројот на легла за сместување туристи достигнува околу 31,4 милиони. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Лукоил“ го доби тендерот на општина Аеродром за набавка на гориво вреден 36.000 евра

Никола Осило

Халк банка оствари добивка од 10,6 милиони евра

Никола Осило

Среќен 8 Март: Само 5 проценти од директорите на јавните институции се жени

Редакција