еМагазин
Image default
Локално

Евакуацијата на станарите во ТЦ Скопјанка бил поради мелни пелени

Станарите во стамбениот комплекс ТЦ „Скопјанка“ синоќа биле евакуирани поради миризба на амонијак од користени мелни пелени.

Еден од становите во зградата, како што објасни скопскиот градоначалник, Петре Шилегов бил преполн со користени мелни пелени кои не биле фрлени подолг временски период и затоа имало зголемена количина на амонијак, што не е штетно по здравјето.

Во станот живееле две жени, од кои едната имала 90 години.

Синоќа поради непријатен мирис кој го отежнувал дишењето специјалци ги евакуираа станарите, кои со часови останаа надвор додека не добија дозвола од надлежните дека е безбедно да се вратат во становите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Специјалци ги евакуираа станарите на станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“

(Фото) Станари се евакуираат од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“ поради присуство на непозната материја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лице од Тетово пронајдено мртво на Самоилова тврдина

Редакција

Трагедија: Петгодишно девојче се удави во Маркова Река

Редакција

78-годишен маж загина во пожар во својот дом во тетовско

Редакција