еМагазин
Image default
Македонија

Евидентирани околу 680 фантоми во Македонија: Немаат извод од матичната книга на родените

Четири невладини организации од земјава од 1 март 2017 до 28 февруари 2019 годинава, работат на проектот „Надвор од кругот-невидливи во општеството“, со кој прават напори заедно со институции, како што е Управата за матични книги на родените, околу 680 лица да добијат извод од матичната книга на родените.

Целта, како што беше речено на денешната тркалезна маса во Велес на која беше презентиран проектот, е  овие лица да можат да ги остварат основните човекови и граѓански права, а бидејќи најголем дел се од социјално ранливите групи да добијат и социјална помош и друг бенифит од државата.

Со нивна и поддршка на инститициите досега од 250 до 300 лица во земјава добиле извод од матичната книга на родените, а уште 680 се уште чекаат да го добијат овој важен документ за нивна лична идентификација.

Овие лица ги има во цела Македонија, а најмногу во Скопје и Куманово, а триесетина од нив се во Велес.

Мухамед Точи од Добротворното здружение на Ромите „Месечина“ од Гостивар, кое е вклучено во проектот информира дека тие веќе 12 години работат на овој проблем, а скоро две години и на терен во 12 поголеми градови. Тој посочува дека има примери како во некои семејства има и три генерации баба, мајка и ќерка кои се без овој документ.

„Шеснаесет наши асистенти одат на терен во 12 градови во земјава. Досега се најдени и евидентирани од 650 до 680 вакви лица на возраст до 68 години. Ние го решивме проблемот на 250 до 300 вакви лица“, информира Точи.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„МојТермин“ ги отвори термините за ковид вакцинација, досега пријавени над 5.900 граѓани над 77 години

Редакција

312 од 1.688 починати од Ковид-19 биле вакцинирани

Редакција

Филипче: Најголемиот страв од корона вирусот не ни се случува, нема затрупување на болниците со заболени пациенти

Редакција