еМагазин
Image default
Локално

ЕВН ги санира далекуводите кои беа зафатени во велешкиот пожар

Екипите на Електродистрибуција од Велес од самиот почет на пожарот кој вчера ја зафати околината на езерото „Младост“ активно учествуваа во гаснењето на истиот, информираат од ЕВН.

Од пожарот во кој изгореа 500 хектари шума, од кои 200 хектари црноборова, беа зафатени и три средно напонски далекуводи на ЕВН: 10кВ далекувод Езеро, 10кВ Црн Врв – стар и 35кВ Црн Врв – нов.

“Екипите заедно со против пожарните служби успеаја да спасат дел од дистрибутивната мрежа.

Далекуводот „Црн Врв – нов“ најбрзо беше саниран и веднаш пуштен под напон. Другите два далекувода поради обемот на штетата и поради сугестиите на Центарот за справување со кризи беа без напон подолго време. Далекуводот Езеро е 50 % уништен од пожарот, а далекуводот Црн Врв – стар има штета од 30 %.

Во текот на денешниот ден активно се работи на санирање на штетите и воспоставување на напонска состојба на двата далекувода. Екипите на Електродистрибуција ќе останат на терен се додека се нормализира снабдувањето со електрична енергија„, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа околината на езерото Младост ден по големиот пожар кај Велес

(ВИДЕО) Вознемирувачка снимка од пожарот кај Велес

(Фото) Како изгледа опожареното место околу езерото Младост од авион

Фото: ЕВН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петгодишно дете тешко повредено по удар од автомобил во Штип

Редакција

35-годишен маж загина во пожар во куќа во Побожје

Редакција

Четворица млади со меѓусебна пресметка направиле хаос во автобус на ЈСП

Редакција