еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН Македонија доби награда за долготрајното членство во Стопанската комора на Македонија

На одбележувањето на 98-та годишнина од постоењето на Стопанската комора на Македонија, ЕВН Македонија беше одликувана со „Награда за долготраен активен член на Стопанската комора на Македонија“, информираат од компанијата.

Наградата му беше врачена на претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Штефан Петер. Тој истакна дека наградата претставува официјално признание на бизнис-заедницата за придонесот на ЕВН Македонија кон развојот на целокупното општество.

„Низ својата 14-годишна историја ЕВН преку своите инвестиции во мрежата, во човечкиот капитал и животната средина покажува дека има моќ да ги следи барањата на бизнисот, но во исто време и да биде двигател на иновациите во македонската економија“, посочи Петер.

Настанот се одржа во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје, со присуство на владини функционери, многубројни претставници на стопанството и меѓународната заедница. По повод годишнината беше презентирана и студијата „Западен Балкан на глобален пазар: можности за трговија и инвестиции“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заловена нова рисица близу Стража, убавицата е крстена Нарциса

Редакција

Словенија донираше маски и ракавици за полицијата во износ од 110.000 евра

Редакција

(Фото) Бројот на студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје порасна за 300%

Редакција