еМагазин
Image default
ЖИВОТ

ЕВН привремено ги затвора сите приемни канцеларии за корисници

Со цел делување во насока на спречување на ширењето на корона вирусот и согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН презема дополнителни мерки за заштита на корисниците и вработените, информираат од компанијата.

Додека трае вонредната состојба нема да работат приемните канцеларии во сите Кориснички енерго центри на ЕВН, како и Инфо центарот во Скопје. Корисниците во овој период треба да ги користат онлајн услугите на ЕВН и во случај на итност телефоните за контакт во секој Кориснички енерго центар.

На порталот www.evnonline.mk, корисниците може да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури без да се регистрираат. Со регистрација на профил достапни се и услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање потврда за успешно плаќање.

Во периодот додека на сила се вонредните мерки нема да се изведуваат нови приклучоци освен оние кои се неопходни да се реализираат. Нема да се отчитуваат мерните места најмалку еден месец, поради што корисниците ќе добијат сметки со проценети вредности, слично како во летниот период (просек од потрошувачката во последните 12 месеци).

По завршување на вонредните мерки, со следното отчитување ќе се израмнат евентуалните отстапувања направени при проценка на потрошувачката.

„Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисниците.

Токму затоа сите мерки во овој момент се насочени кон непречено функционирање на тимовите на ЕВН, на заштитата на корисниците и вработените од ширење на вирусот корона.

Ги замолуваме корисниците овие мерки и препораки да ги разберат како заеднички придонес кон заштита на здравјето. Ова е неизбежно за да останеме сите заедно во добро здравје и заедно да ја надминеме оваа состојба,“ велат од ЕВН.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жена се обидела со тврд предмет да ја нападне пејачката Елена Ристеска

Редакција

(Видео) Доктор Жан Митрев со својот тим му даде нова шанса за живот на малиот Мики

Редакција

Првата дама на изведбата на бродвејскиот мјузикл „Ени Јуниор“: Ени потсетува на универзалните човекови вредности

Редакција