еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

ЕВН привремено нема да исклучува должници

Со цел делување во насока на спречување на ширењето на корона вирусот и согласно мерките и препораките на Владата и Регулаторната комисија за енергетика, ЕВН ги презема сите мерки за работа во специфични услови со цел заштита на корисниците и вработените, информираат од таму.

“Не треба никој да биде загрижен за дистрибуцијата на електрична енергија и за одржување на системот за дистрибуција, тоа е работа на ЕВН. Снабдувањето со електрична енергија е стабилно, екипите работат согласно плановите за делување во вонредни состојби.

Во периодот додека на сила се вонредните мерки нема да се исклучуваат корисници и нема да се изведуваат нови приклучоци освен оние кои се неопходни да се реализираат.

Нема да се отчитуваат мерните места најмалку еден месец, поради што корисниците ќе добијат сметки со проценети вредности, слично како во летниот период (просек од потрошувачката во последните 12 месеци).

По завршување на вонредните мерки, со следното отчитување ќе се израмнат евентуалните отстапувања направени при проценка на потрошувачката“, велат од компанијата.

Додека трае вонредната состојба нема да работат приемните канцеларии во сите Кориснички енерго центри на ЕВН, како и Инфо центарот во Скопје.

Корисниците во овој период треба да ги користат онлајн услугите на ЕВН кои се достапни на страната www.evnonline.mk  и во случај на итност телефоните за контакт во секој Кориснички енерго центар.

“Вработените во Диспечерскиот центар од каде што се управува дистрибутивната мрежа во земјава се целосно изолирани од другите вработени како мерка за заштита од вирусот.

Сите други вработени работат според планот изготвен за работа во специфични состојби.

Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисниците.

Токму затоа сите мерки во овој момент се насочени кон непречено функционирање на тимовите на ЕВН, на заштитата на корисниците и вработените од ширење на корона вирусот“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можен ли е пресврт во 5 до 12 за Македонија на ЕУ самитот: Германците знаат да играат до последната секунда

Редакција

(Видео) Дејвид Гета одржа онлајн концерт од Мајами, го следеа стотици илјади фанови низ светот

Редакција

Не смееме да си дозволиме авантури, на државата и е потребна стабилност, рече Груби по средбата со Заев

Редакција