еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

ЕВН развива национална јавна инфраструктура за полнење на електрични возила

ЕВН започна со имплементација на нов проект со наслов „Електомобилност со ЕВН“. Крајната цел на овој проект е поширока адаптација на електромобилноста во Македонија.  Следејќи ги глобалните трендови, ЕВН презема конкретни чекори за создавање на главниот предуслов за користење на електричните возила, а тоа е широка национална инфраструктура за полнење.

Поради ограничувањата на моменталната технологија на електрични возила, без станици за полнење на секои минимум 100 километри, долгите патувања со овие возила се прак

тично невозможни. Токму затоа ЕВН во соработка со општините во моментов гради сериозна инфраструктура на полначи низ целата држава.

Во рамки на проектот за развој на електромобилноста, ЕВН во моментов поставува над 40 станици за полнење на електрични возила на централни јавни локации во 17 градови во Македонија. Во Град Скопје, поставени се повеќе полначи кои покрај на јавни површини, достапни се и во фреквентни објекти како хотели, ресторани, шопинг центри и слично. Со вака развиена мрежа на полначи сопствениците на електрични возила од земјава и од странство ќе можат да патуваат во било кој правец во и надвор од границите на Македонија.

„Како лидер на пазарот, ЕВН се стреми да ги направи достапни глобалните трендови за граѓаните во Македонија. Токму затоа започнавме и со реализација на проектот „Електромобилност со ЕВН“, со што се надеваме дека ќе поттикнеме поголемо користење на електричните возила и со тоа во голема мерка ќе придонесеме кон почиста и поздрава животна средина, ќе обезбедиме можности за поголемо искористување на новите технологии, а воедно ќе помогнеме Македонија да стане уште поатрактивна туристичка дестинација“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Користењето на полначите на ЕВН во промотивен период од една година ќе биде бесплатно за сите корисници. Заинтересираните  сопственици на електрични возила ќе мораат најпрво да се пријават за електронска картичка за користење на полначите, и тоа на www.elektrodistribucija.mk, [email protected] или во Инфо центарот на ЕВН.

ЕВН во иднина ќе продолжи со понатамошно ширење на мрежата на електрични полначи со една јасна цел – зголемување на бројот на електрични возила на македонските улици. Така  ќе се придонесе кон намалување на загадувањето на воздухот, помала бучава во урбаните средини и долгорочна одржливост на животната околина. Електричните возила се еколошки, поекономични, поефикасни и побезбедни од обичните возила, и преку овој проект на ЕВН, тие ќе бидат и подостапни за македонските граѓани.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Црн облак се надвисна врз Скопје – градот кандидат за зелена престолнина

Редакција

„Пустинската олуја“ ги крена параметрите на загаден воздух во Скопје до плафон

Редакција

Отпад од Инфективна болница закопувале кај заштитната зона на бунарите „Нерези Лепенец“

Редакција